АктуелноОхрид

Демир Далип побарал да му се зголеми хонорарот во Управениот на Комуналец

Демир Далип на првата седница на Управен одбор на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ побарал да се донесе одлука со која ќе се зголеми хонорарот на членовите на одборот.

Демир Далип тоа го образлагал со тоа дека него му се зголемени трошоците за живот и транспорт од работното место во Воска до управната зграда на КОМУНАЛЕЦ, а како дополнителни аргументи правел компарации дека во управните на ЕЛЕМ и ТЕЛЕКОМ се исплаќале далеку поголеми хонорари од тој во управниот на „Комуналец“.

Предлогот наишол на големо негодување кај останатите членови, пред се кај Владо Чингоски кој реагирал на оваа желба на Демир Далип.

ВМРО ДПМНЕ НЕ ТРПИ ЗГОЛЕМЕНИ ХОНОРАРИ ПО УПРАВНИ

Слична ситуација се случи во управниот на НИСКОГРАДБА во 2013 година. Тогаш членовите сами си ги зголемија хонорарите, а од како тоа го објави „Охрид 1“ , партијата ВМРО ДПМНЕ која тогаш владееше со Охрид, ги принуди да закажат нова седница и да донесат нова одлука со која ги вратија хонорарите на пониско ниво од тоа што биле пред да ги зголемат.