четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

ОВР Струга спроведе сообраќајно-едукативна кампања „Безбедно патување во зима“

На 28.12.2020 година на подрачјето на ОВР Струга, спроведена е сообраќајно-едукативна кампања „Безбедно патување во зима“. Притоа, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга на возачите и другите учесници во сообраќајот им поделија едукативен материјал со практични совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, за задолжително носење на зимска опрема, почитување на препораките за заштита од Ковид-19 и им посакаа среќни празници.