АктуелноОхрид

Регионалниот центар за гранични работи Запад годинава открила и спречила 128 лица кои илегално преминување граница

Refugees walk towards the border with Serbia from the transit center for refugees near northern Macedonian village of Tabanovce, Friday, Feb. 12, 2016. In a dramatic response to Europe's gravest refugee crisis since World War II, NATO ordered three warships to sail immediately Thursday to the Aegean Sea to help end the deadly smuggling of asylum-seekers across the waters from Turkey to Greece. (AP Photo/Boris Grdanoski)

Регионалниот центар за гранични работи Запад, во годината која изминува, соочувајќи се со предизвикот што го носи пандемијата на COVID 19, како резултат на добрата поставеност, преземените мерки и активности бележи значајни резултати, истакна портпаролот на СВР Охрид Мерлина Ислами.

„При контрола на патниците, согласно препораките на Владата, беа издадени вкупно 1.572 изјави и наредби на лица за самоизолација, а откриени се 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани PCR тестови и 4 фалсификувани сертификати за извршена вакцинација.
При извршување на задачите, посебно внимание посвети на откривање и спречување на прекуграничниот криминал и илегалната миграција. Откриени и запленети се 273 килограми марихуана, како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока која била предмет на нелегална трговија“, вели Ислами.

Ислами додава дека во делот на миграцијата, при илегално преминување откриени и спречени се 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија, Сирија, Пакистан, Мароко.
За сите констатираните нелегални активности РЦ за ГР Запад превзема соодветни законски мерки