Новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски повлече еден од десетте предлози за нови членови во партиските органи. Ова следува откако присутните бурно реагираа бидејќи со тоа се кршел партискиот деловник за работа, дознава ТВ21 од партиски извори. Како што дознаваме еден од првите кои реагирале бил актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рекол дека со ова се крши партискиот деловник.
Како што дознава ТВ21, станува збор за Дејан Блажевски, предлог на Ковачевски кој подоцна истиот го повлекол, најавувајќи дека на следната седница ќе биде избран нов претставник во партиските тела од охридскиот регион.
извор: ТВ21