среда, ноември 20, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Студентите од ФТУ стоплија 100 детски срца, им подарија пакетчиња на дечињата од Здружението „Во мојот свет“

Денес, студентите од Факултетското Студентско Собрание (ФСС) при ФТУ-Охрид го реализираа својот прв проект за оваа академска година, а воедно и прва хуманитарна акција која гласи „Со љубов, ФСС“. Целта на овој проект беше да се изработат Новогодишни пакетчиња по повод Нова Година за децата од Здружението „Во мојот свет“ од Охрид.

 

Под водство на Претседателот на ФСС-Игор Пешевски, иницијативноста и креативноста на студентките од смерот Менаџмент во услужен сектор-Фани Милошева и Марија Крстаноска кои беа клуч за да се изработат Новогодишните украси и пакетчиња, но тие не би биле целосни ако не помогнеа и вештите раце на студентката од смерот Гастрономија-Евгенија Башеска која ги изработи Новогодишните колачи. Голема благодарност до професорите д-р.Ангела Паскуале и д-р. Зоран Тунтев, како и м-р.Елена Ќосеска од за подршката и помагањето со цел да се реализира овој проект.

Претседателот на ФСС при ФТУ изјави „Се одлучивме да стоплиме 100 детски срца, но воедно и да дадеме пример дека и дечињата со пречки во развојот имаат потреба од љубов и внимание. Оваа прилика би ја искористил да се заблагодарам на целиот мој тим-Фросина Петревска, Илина Бабеска, Марија Крстаноска, Фани Милошева, Мирко Богданоски, Елена Ќосеска и Маја Богеска. Од името на Факултетското студентско собрание и од името на сите студенти од Факултетот за туризам и угостителство Ви посакувам среќни Новогодишни и Божиќни празници. Со почит, Претседателот на ФСС-Игор Пешевски.“

Се надеваме дека и во иднина ќе имаме уште многу вакви проекти, бидејќи човечки е да си подадеме рака. Среќни Новогодишни празници!