АктуелноОхрид

Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божиќ

Граѓаните од католичка вероисповед денес го прославуваат Божиќ, Денот на Христовото раѓање. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.

Католичките верници денеска ги отвораат вратите на своите домови за гости, а ги отвораат и срцата. Радост ги исполнува домовите. Исчистените и украсените домови ги осветлуваат четирите адвентски свеќи. По една се пали на ручекот, секоја недела до Божиќ.

Традиционално приготвуваат сарма и печено месо, печена мисирка, но и многу слатки. Католички Божиќ не може да се замисли без присуството на членовите од семејството.