АктуелноОхрид

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков за Католички Божиќ

Градоначалникот на  Охрид, Кирил Пецаков  им го честита Христовото раѓање – Божиќ на сите христијани кои  слават по Грегоријански календар.

 

– На сите граѓани со католичка вероисповед им го честитам  најголемиот  и најрадосниот христијански празник – Божиќ  со желба да го поминат во здравје и радост опкружени со најмилите.

Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување  на сите нас овој празник нека не потсети дека во себе носиме  љубов и радост нека ги поттикне и зацврсти мирот и  солидарноста  во Светот полн со предизвици.

 Делете радост и помагајте им на сите оние  на кои тоа им е потребно потсетувајќи се на непроценливите вредности на меѓусебното почитување и разбирање.

Само сложни и единствени со позитивна мисла и напредни идеи  на кои се темелат добрите проекти  можеме да градиме здраво и напредно општество  кое ќе биде заеднички дом   за сите нас. 

 Искрено ви посакувам мир, среќа, радост и благосостојба.

 Овој голем Христијански празник нека ни донесе надеж за подобро утро за сите граѓани на Охрид и Република  Македонија- стои во Честитката на градоначалникот Пецаков  за католички Божиќ.