На 26,09 во манастирот Св. Петка кај с. Оровник во општина Дебрца се одржаа традиционалните шести „Пензионерски средби 2026“ во организација на ЗП Охрид и Дебрца а со помош и поддршка на црковниот одбор од манастирот како и градоначалникот од општина Дебрца, Златко Силјаноски.

„Пензионерските средби 2026“ се одржаа по повод одбележувањето на 76 години од формирањето на ЗП Охрид и Дебрца и 80 години од пензионерското организирање во Македонија.

На пензионерските средби присуствуваа над 400 пензионери кои живеат во општина Дебрца како и членовите на КУД „Далги“ и на органите и телата на ЗП Охрид и Дебрца на кои им беше обезбеден патен превоз на трошок на општина Дебрца до и од манастирот Св. Петка кај с. Оровник.

Како гости на средбите присуствуваа Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, делегација од општина Дебрца предводена од градоначалникот , делегација од ЗП Струга предводена од секретарот Јован Попоски и делегација од ЗП на ветераните од одбраната и безбедноста Охрид предводена од Добре Велјаноски.

Согласно програмата на почетокот се проследи интонирањето на државнта химна на РМ а потоа Васил Маркоски , претседател на ЗП Охрид и Дебрца и останатите претседатели се обратија пред присутните со свои пригодни говори.

Согласно програмата членовите на КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца под раководство на уметничкиот кореограф Ристо Трајкоски настапија со своја пригодна фолклорна програма.

На трошак на организаторите на сите присутни пнзионери им се послужи храна и пијалок а за нивна забава се ангажира музичката група “Еснаф Бенд“ од с. Оровник.


ЗП Охрид и Дебрца
комисија за информирање


















