АктуелноОхрид

По повод Светскиот ден на срцето, нагласена важноста за постојаната едукација за срцевото здравје од ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања Охрид

По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално се одбележува на 29-ти Септември, а годинава под мотото ,,DON’T MISS A BEAT” , ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, ја нагласува важноста од континуирана едукација и грижа за срцевото здравје.
Како водечка институција во областа на кадриоваскуларната медицина, нашата примарна цел останува насочена кон подигање на свеста за значењето на раната превенција, дијагностика и третман на овие заболувања.
Денешното одбележување го реализираме во соработка со ,, Алкалоид ” АД Скопје, преку споделување стручни совети и едукативни материјали со цел подигнување на свеста за зачувување на срцевиот ритам.
Грижата за срцето е секојдневна одговорност кон сопственото здравје!