Во водите на Охридското Езеро љубителите на спортовите на вода имаа можност да проследат повеќе атрактивни натпревари, меѓу кои Меѓународната кајак регата, Red Bull Педалинка, Меѓународниот ватерполо турнир како и „Меѓународната едриличарска регата Охрид 2026“ која трае четири дена и завршува денеска.
Исто така се одржа и „Меѓународниот едриличарски тренинг камп Охрид 2026“, тридневен настан кој претставува дополнителна можност за унапредување на едрењето и размена на искуства меѓу учесниците.














