На ден 15.08.2026 на патеката покрај кејот во водите на Охридското езеро а во склоп на Ohrid Water Festival поддржано од општина Охрид во организација на КК „Стрмец“ како домаќин успешно се одржа ICF 26та Меѓународна регата во кајак и кану на мирни води.

На регатата учествуваа над 60 спортисти и спортски работници од кајакарските клубови од странство Energetuk од Република Полска, KK Motonauti;ki klub од Р. Србија, KK Karpati од Р. Србија и од Македонија КК Радика – Дебар, КК Црни Дрим -Струга и домаќинот КК Стрмец Охрид.

Севкупен екипен победник на регатата беше КК Стрмец од Охрид.


















