На 27.07.2026 во 20:35 часот на локалниот пат помеѓу струшките села Мислешево и Мороишта, полициски службеници го лишија од слобода лице на (48) од струшкото село Октиси.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него утврдиле 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















