На 27.07.2026 во 21:15 часот на ул.„Туристичка“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (65) од Охрид.
Тој, претходно, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода и удрил во патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (59) од Струга.
По преземени мерки и извршени проверки, полициските службеници кај лицето утврдиле 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

















