Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес донесе повеќе кадровски одлуки.
Се случуваат кадровските освежувања откако во февруари годинава, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од назначените претседатели се докажани искусни кадри кои со своето работење имаат придонесено за развој на локалната заедница од каде потекнуваат, а дел од нив се нови лица кои ќе донесат свежина во средината и нови успеси за општинските комитети.
ВМРО-ДПМНЕ со новите кадровски решенија продолжува со подобрувањето на животот на граѓаните, на локално и централно ниво.
КУРИР објавува кои лица се избрани за претседатели на општински комитети во изборните единици 4 и 5.
Од Изборна единица 4:
Росоман – Ѓорѓи Крстевски
Демир Капија – Андон Дрнев
Неготино – Павлинче Честојнова
Кавадарци – Тони Нешковски
Гевгелија – Димитар Вегов
Валандово – Јулија Тушевска
Богданци – Марјан Пеев
Дојран – Илија Тентов
Струмица – Методија Пасков
Босилово – Мито Андонов
Ново Село – Петар Марков
Василево – Славе Андонов
Конче – Ацо Митев
Радовиш – Бојан Митевски
Могила – Драганчо Саботковски
Кривогаштани – Александар Богданоски
Од Изборна единица 5:
Демир Хисар – Ненад Шундовски
Долнени – Сашко Велјановски
Крушево – Пеце Стојчески
Ресен – Кире Божиновски
Охрид – Сашо Донев
Дебарца – Златко Силјановски
Струга – Ален Деребан
Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски
Дебар – Афет Амедоски
Центар Жупа – Денис Хасан
Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери
Пласница – Луме Адемоглу
Боговиње – Алишериф Синани
На 19-ти мај, беше донесена одлуката за нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во изборните единици 1,2,3 и 6.
-ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, рекоа тогаш од пртијта.
Изборот на новите раководства се толкува како дел од пошироката стратегија за реорганизација и мобилизација на локалните структури по одличните изборни резултати кои владејачката партија ги доби на минатите изборни циклуси.
ИК на ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на општински комитети-Сашо Донев останува во Охрид
Редакцијајуни 10, 2026
posted on














