Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид.
Ученици од повеќе македонски градови преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни мисли и изразена љубов кон македонскиот литературен збор.















