Охрид повторно ќе стане центар на спортската енергија и активниот животен
стил. Во пресрет на јубилејното 10-то издание на Охрид ТрчаТ Викенд, на 6 јуни
ќе се одржи второто издание на Imlek Impact Warm Up, најголемиот фитнес
настан на отворено кој ги обединува љубителите на спортот, рекреацијата и
здравите навики. По успешното минатогодишно издание, настанот повторно се
враќа на Кеј Македонија пред хотел Палас, носејќи уште побогата програма,
повеќе енергија и незаборавна атмосфера покрај Охридското Езеро.
Imlek Impact Warm Up претставува повеќе од класично загревање пред трката.
Тој е можност граѓаните и посетителите на Охрид да се активираат, да
спортуваат и да бидат дел од заедница која ги промовира движењето, здравјето
и позитивниот дух. Настанот во изминатите години прерасна во препознатлив
вовед во спортскиот викенд и во место каде што спортот и забавата се
спојуваат во едно искуство.
Програмата започнува во 17:30 часот со фитнес активности предводени од
познати инструктори и тренери:
Fire Up – ATG Body Activation со Никола Бошале од Fit Box Охрид
Move, Tone, Enjoy со Кате Бујароска Анѓелеска од Kate’s Aerobic Ohrid
Body Combat vs. Zumba со Ристе Јанкоски од ИБ Спорт Центар, Охрид
Move & Flow со Емилија Колоска од Move & Flow, Охрид
Покрај тренинзите, посетителите ќе можат да уживаат во музичка програма,
протеински коктели, подароци и бројни изненадувања. По завршувањето на
фитнес делот, од 19:30 часот следува After Party со DJ сет и дружење покрај
езерото, со што спортската енергија ќе продолжи и во вечерните часови.
Преку платформата Imlek Impact, Имлек континуирано вложува во промоција на
здрави животни навики и поттикнување на физичката активност кај луѓето од
сите генерации. Токму затоа, овој настан не е наменет само за спортисти, туку
за сите кои сакаат да поминат активно попладне исполнето со добра енергија,
мотивација и дружење.
Настанот е отворен за сите и не е потребна претходна регистрација. На 6 јуни,
Охрид повторно ќе биде местото каде што ќе се соберат љубителите на
движењето и позитивниот животен стил, а Imlek Impact Warm Up ќе биде
увертира во уште едно незаборавно издание на Охрид ТрчаТ Викенд.
Во пресрет на Охрид ТрчаТ Викенд: Охрид повторно ќе пулсира во ритамот на Imlek Impact Warm Up
Редакцијајуни 5, 2026
posted on















