АктуелноОхрид

Пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и рибарска мрежа при незаконит риболов од лице од Пештани

На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро, на брегот на Охридското езеро го приведоа  лице на (75) од охридското село Пештани.

При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.