Странскиот инвеститор од напредната автомобилска индустрија Костал ја оствари најголемата добивка во Охрид за 2025 со 7,6 милиони евра, според податоците кои „Фактор“ ги обезбеди од Централниот регистар.
На второто место е уште една странска компанија ЛТХ Леарница со 4,9 милиони евра, а на трето место е друштвото за производство на пластична амбалажа АСП-ПАК со околу 3 милиони евра остварени во овој македонски град.
Ина Трејд-Лоте, фирма за ископ на минерални суровини, е на четвртото место, а во првите пет е уште и Топлина од Подмоље позната по тоа што го доби последниот голем тендер на ЕСМ за ископ на јаглен за РЕК Битола.
На шестата позиција е Трим, фирмата за изградба на згради и станови, на струшкиот градоначалник Менди Ќура, а потоа следува Ренарда, компанија за трговија на големо со стока за широка потрошувачка, која минатата година направи исчекор како релативно нова фирма основана во 2022 од Тургај Багчиванџиоглу.
„Охрид Органицс“, една од ретките компании за медицински канабис кои минатата година остварија задоволителни добивки во Македонија, е на 8.место, а во Топ-10 се уште Нефи ИК, градежната фирма на Нефи Усеини која меѓудругото беше и дел од фирмите кои го добија тендерот за зимско одржување на патиштата, како и ИЦС-Системи, чешка фирма за паметно јавно осветлување.
faktor.mk














