На ден
02.05.2026 година, Џудо клуб “Дрим” од Струга зеде учество на престижен меѓународен џудо натпревар
кој се одржа во Нови Биджов, Република Чешка
, каде настапија над 1100 џудисти од повеќе земји
. Нашиот клуб достојно беше претставен од 7 натпреварувачи, предводени од тренерот Андреј Чакаровски .
Џудистите на “Дрим” покажаа исклучителна пожртвуваност
, храброст
и спортски дух
, борејќи се со силна конкуренција и достоинствено бранејќи ги боите на својот клуб и Македонија
. Нивната борбеност резултираше со освоени медали:
Давид Спироски (-55 кг, У14)
Енил Ајдиноски (-66 кг, У14)
Лука Трца (-73 кг, У14)
Иако не успеаја да се искачат на пиедесталот
, Драгица Рафтоска, Даријан Ночески, Амар Бајрамоски и Мартина Салви покажаа голема борбеност
, оставајќи срце на татамито
и достојно претставувајќи го клубот и Македонија
.
Горди сме на сите наши натпреварувачи
кои со својата посветеност и труд уште еднаш покажаа дека Џудо клуб “Дрим” е сериозен претставник на меѓународната европска сцена.














