АктуелноМакедонијаНаш ИзборНаш изборОхридСпорт

Р.К. Вардар со честитки до Р.К. Охрид за пласманот во европското финале

На официјалната страна на Р.К. Вардар осамна пост со честитка за пласманот во европското финале до охридскиот ракометен клуб. Честитката ја пренесуваме интегрално.
Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија.
На ГРК Охрид – GRK Ohrid му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт.
Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз.
Честитки за РК Охрид. 👏💙