АктуелноОхрид

Охридскиот математичар Леонид Тодороски освои бронзен медал на Европската математичка олимпијада во Литванија

Охриѓанецот Леонид Тодороски, со освоени 23 поени го освои бронзениот медал на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026), која се одржа во Вилнус, Литванија.

Олимпијадата годинава се одржа за првпат од 23 до 29 април, а македонската делегација се состоеше од шест ученици: Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Марко Митевски, Андреј Тасиќ и Филип Џамбаски; предводени од Илија Јовчески и Лука Хаџи Јорданов.

На натпреварот учествуваа 124 натпреварувачи од 19 европски држави кои решаваа 8 задачи во тек на два дена. Како и во изминатите неколку години, нашите натпреварувачи се покажаа одлично и тројца од нив се закитија со медали: златен, сребрен и бронзен:

-Дамјан Давков (златен медал; 44 поени),
-Ивано Божиновски (сребрен медал; 29 поени) и
-Леонид Тодороски (бронзен медал; 23 поени).

– Дамјан Давков со освоени 44 поени е прворангиран, заедно со ученик од Казахстан, т.е. е севкупен победник на првата Европска математичка олимпијада. Во екипен пласман е освоено високото 6. место според бројот на одличја, по Казахстан, Украина, Бугарија, Франција и Грузија, соопштија од Сојузот на математичари на Република Македонија.