Улицата „Аџи Мустафа“ доби нов лик, со што значително го подобруваме квалитетот на живеење и безбедноста во овој дел од градот.
Со проектот беше опфатено асфалтирање на коловозот со површина од 4800м2, изградба на нови сливници за ефикасно одведување на атмосферските води.
Вредноста на проектот изнесува 8.079.000 денари, а е реализиран преку Министерството за транспорт преку проектот за локални патишта, како дел од нашите заложби за модерна и функционална инфраструктура.
Продолжуваме посветено да работиме за подобар Охрид!









