АктуелноОхрид

Лишено од слобода лице од Долна Белица, струшко возел и покрај забрана за управување возило

На 27.04.2026 во 09:00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од
СВР Охрид го лишија од слобода  лице на (29) од с.Долна Белица, струшко.

При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „мерцедес“ со струшки
регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршена контрола, било констатирано дека
го управувал возилото иако имал изречено забрана за управување со возило.

По насоки на јавен обвинител, А.А е лишен од слобода, а возилото е одземено. По целосно
документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.