АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Утре, вторник без вода неколку главни улици низ Охрид поради сервисирање на повееќе вентили од поголем профил

Поради сервисирање на повеќе вентили од поголем профил во централното градско подрачје, на ден 28.04.2026 година (Вторник) од 08:00 часот до завршување со активностите, без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Мите Богоески“, „Славеј Планина“ , „Кеј Македонија“, „Серафим Китаноски“, „Ванчо Николески“,„Кузман Јосифоски Питу“, дел од „Јане Сандански“ , дел од бул.„Туристичка“, „Климент Охридски“ , „Цар Самоил“ , „Самоилова“ , „Коста Абраш“, дел од „Илинденска“, „Петар Чаулев“ , „11ти Октомври“ , дел од „Климентска“ и дел од „Гоце Делчев“.