На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во
Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (52) од
с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот лице на (55) од с.Свиништа, охридско и го
напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта.
И кај пешакот е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид
од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе следува
соодветна пријава.












