На 12.04.2026 во 13:00 часот во СВР Охрид 45-годишен маж од Охрид пријави
дека на 12.04.2026 околу 03:00 часот, додека бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка и
други лица, се приближил маж на возраст од околу 30 години и почнал да се заканува и
агресивно да се однесува и почнал да го турка пријавителот, но бил спречен од
обезбедувањето на ноќниот клуб. Исто така, на 12.04.2026 околу 12:00 часот лицето се
јавило на мобилен телефон кај пријавителот и го повикало да се сретнат во близина на
маркет во Охрид, каде исто така почнал да го турка и да му се заканува. По добиената
пријава, во полициска станица е повикан (30) од Охрид и со него е извршен службен
разговор. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Охриѓанец кој бил во ноќен клуб заедно со својата ќерка добил закани и агресивно однесување од лице на 30 години
Редакцијааприл 13, 2026
posted on












