АктуелноОхрид

Велигденска честитка од градоначалникот Кирил Пецаков до Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, Господин Георгиј и до сите верници

Ваше Високопреосвештенство,
​Во овој серадосен ден, кога Христос Воскресна од мртвите и смртта со смрт ја победи и на оние во гробовите живот им подари, ми претставува особена чест и духовна радост да Ви го упатам најторжествениот поздрав на нашата вера.
​Христос Воскресна!
​Ваше Високопреосвештенство, Ви посакувам од Семилостивиот Бог крепко здравје, долгодејствие и истрајност во Вашата архипастирска служба, за да продолжите мудро да не водите по патот на вистината и спасението.
​Драги сограѓани,
​Нека благодатта на Воскреснатиот Господ се всели во Вашите домови и во Вашите срца. Нека овој Празник над празниците биде поттик за наше духовно преобразување и смирение. Славејќи го Христовото Воскресение, да се сетиме на неговите зборови:
​„И ете, Јас сум со вас преку сите денови до свршетокот на светот. Амин!“
​Нека радоста на празниот гроб ја избрка секоја тага од Вашите лица, а светлината на Неговото лице нека го осветлува секој ваш чекор.
​На многуја и блага лета!
​ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
​Со искрена почит,
Кирил Пецаков