На 28.03.2026 во 14:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од
СВР Охрид го лишија од слобода лице на (56) од Охрид, по претходно случена сообраќајна
незгода во која лицето управувајќи патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски
ознаки, удрило во пешакот лице на (40) од Охрид, а потоа и во патничко возило „форд“ со
охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (46) од Охрид.
Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. При извршени проверки, констатирано е дека лицето го управувал возилото под
дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,75 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.297-а од КЗ на
РСМ.











