На 28.03.2026 во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид-
Кичево, во близина на с.Врбјани, настанал пожар во возило „мерцедес“ со тетовски
регистарски ознаки во движење, сопственост на фирма од Тетово, а управувано од
М.Б.(40) од с.Ново Село, тетовско.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната
противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот А.С.(29) од с.Голема Речица,
тетовско, се здобиле со повреди и им била укажана помош од Итна медицинска помош
Охрид.
Увид бил извршен.












