АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Се роди 120-то дете во Охрид на одделението за Гинекологија и акушерство

На Одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница Охрид деновиве се роди 120-тото бебе, со што уште едно семејство ја сподели радоста на новиот живот.

Од одделението информираат дека во изминатиот период вкупно 120 семејства ја почувствувале радоста на родителството, а медицинскиот персонал изразува задоволство што е дел од нивните животни приказни.

„На одделението за Гинекологија и акушерство – Охрид, ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од вашата приказна и продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука – за вас“, изјави Д-р Мимоза Влаши, раководител на одделението.

Таа посочи дека во болницата е зголемен и обемот на гинеколошки интервенции, вклучително и хистероскопските интервенции, кои неодамна за првпат биле воведени во регионот.

Во наредниот период, како што најави Влаши, планирано е воведување на лапароскопски операции, како и дополнително унапредување на квалитетот на породувањето со примена на епидурална и спинална анестезија.

„Современите пристапи и новите третмани веќе даваат конкретни и позитивни резултати“, истакна таа.