АктуелноОхрид

Пронајден и одземен кокаин во возило кај лице од Струга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против  лице на (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.04.2025 во Струга, полициски службеници извршиле контрола во возило во кое се превезувал пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин.