Минатата 2025 беше плодна за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од
Охрид.
Реалзирани беа над 30 проекти како дел од Годишната програма за
работа финансирана од страна на Министерството за култура и
туризам .
Главен настан беше враќањето на Пчињското евангелие кое датира
од крајот на 16 век во Библиотеката. Тоа до октомври 2025 беше на
реставрација во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и близу
десет години се чуваше во нивниот трезор. Евангелието сега е во
нашиот трезор а веќе е готова и репликата – копијата која наскоро
на соодветен начин ќе биде како поставка достапна за јавноста.
По втор пат лани станавме добитници на наградата „Јаков од
Камена Река“ за најиздавачи на ниво на Македонија .

Библиотеката за оваа 2026 година во Министерството за култура и
туризам конкурираше со рекордни 45 нови проекти во
библиотечната, издавачката и меѓународната дејност,фестивалите,
секторот за инвестиции и за првпат во секторот за евроинтеграции.
За првпат годинава влегуваме во редот на институциите од
културата кои имаат делигиран буџет. Сами ќе треба домаќински да
ги распределиме средствата за проектите кои ќе сметаме дека ни
се приоритет за реазлиција и ќе донесат ново културно и книжевно
раздвижување кај нас. Тоа веќе го сторивме и Управниот одбор во
содејство со мене како директор по претходна анализа одобри 28
проекти од кои дури 25 се од основната библиотечна дејност и по
еден во областа на меѓународната соработка, издавачката дејност
и инвестии. Одобрените Проекти ќе се финансираат со над 1
милион и 800 илјади денари од буџетот на ресорното министерство
за култура и туризам.
Покрај манифестацијата Прличеви беседи која успешно ја
реализиравме ќе напоменам уште неколку проекти кои годинава ќе
бидат белег на нашето работење. Приоритет ќе има збогатувањето
на книжниот фонд со нова литература за возрасни и деца, како и
стручна литература. Ќе продолжиме со заштитата на движното
културно наследство и обуките на вработените. Ќе ја организираме
Четвртата Годишна средба на роднокрајните автори со издавање
на традиционалниот алманах, а ќе го организираме и регионалниот
натпревар Млади библиотекари. И оваа 2026 ќе ги реализираме
проектите: Читаме гласно и раскажуваме, Книгата најдобар другар
на децата, Книгата поблиску до старите лица, трибините за „Поубав
свет“, „Калдрмата шепоти за Прличев“, „Азбуката не повикува“
„Библиотека футура“, поетскиот фестивал „Слушни го езерото“ и
уште неколку други.
Во јуни ќе одиме во посета на Библиотеката во Котор со кои
заеднички не врзува УНЕСКО а ќе пристапиме и кон изградба на
современа пристапна рампа до просторот во кој е сместен пултот за
зајмување книги.
Наскоро ќе биде готова и реновираната Прличева одаја со нов лик и
содржини, подготвена да ги прими пред се’ роднокрајните писатели
но и нивните македонски колеги и соработници од регионот. Овој
проект делумно е поддржан од Општина Охрид преку Јавниот повик
за проекти од областа на културата а со општинска помош ќе се
реалзираат и проектите „Библиотечен калеидоскоп“ и „Слушни го
Езерото“ кој е дел од одбележувањето на 21 јуни Денот на
Охридското Езеро.
И тоа не е се’ нашата Библиотека има и ред други настани кои ги
одржуваме со сопствени средства, тука пред се’ мислам на
курсевите за англиски јазик за деца и возрасни, промоциите на
книги од наши роднокрајни автори и авотир од земјава и странство.











