На 09.03.2026 во 19:50 часот во струшкото село Враништа, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга го лишија од слобода лице на (28) од истото село.
При контрола на регионалниот пат Враништа-Струга, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и притоа, констатирале дека немал положен возачки испит за Б категорија и дека го управувал возилото и со 1,77 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.











