Наш ИзборНаш изборОхрид

Општина Струга останува отворена за соработка со сите општествени чинители кои придонесуваат за стабилноста, духовниот мир и развојот на нашата заедница

Градоначалникот е отворен за сите кои искрено сакаат да дадат свој придонес за развојот на Струга – со идеи, поддршка и заедничка визија.
Чест ни беше денеска да ги пречекаме претставниците на Дебарско-кичевската и Охридско-струшката епархија, кои дојдоа официјално да му го честитаат мандатот и да му посакаат успешна и просперитетна работа во периодот што следи.
Во кабинетот на градоначалникот присуствуваа Неговото Високопреосвештенство Георгиј, Митрополит Дебарско-кичевски и Охридско-струшки, протоереј-ставрофор Никола Христоски, секретар на епархијата, како и протоереј Васко Голабоски, архиерејски намесник при струшкото намесништво.
Средбата помина во дух на почит, добра волја и отворен разговор – со заедничка порака дека кога институциите и заедницата соработуваат, добиваат сите граѓани.