АктуелноОхрид

Градежниот факултет – Скопје ќе изврши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга

По барањето поднесено од градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје официјално го прифати барањето и ќе упати стручен тим за теренски увид на водоснабдителниот систем.
Согласно доставениот одговор, Деканот формира стручен тим составен од тројца професори, кои ќе извршат детална проверка на клучните елементи на системот, меѓу кои: изворот Шум, изворите во Горна Белица, влезните комори, резервоарите за водоснабдување, МХЕ локациите и хлорната станица.
По извршениот увид, ќе биде изготвен официјален извештај со стручно мислење и конкретни препораки за надминување на состојбата.
Со ова, Општина Струга пристапува системски и транспарентно кон решавање на проблемот, со вклучување на највисоката академска и стручна институција од областа на водоснабдувањето.
Здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат безусловен приоритет.