Општина Охрид ја информира јавноста и сите апликанти дека, по спроведената постапка по Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид во областа на културата, надлежната Комисија за култура изврши стручна евалуација на пристигнатите апликации.
Врз основа на извршената евалуација и согласно утврдените критериуми, донесена е Одлука за одобрување на проекти кои ќе бидат финансиски поддржани од Буџетот на Општина Охрид.
Листата на одобрени проекти, со назив на апликант и одобрен износ, е јавно објавена и достапна на официјалната веб-страница на Општина Охрид.
Одобрените апликанти се замолуваат да пристапат за потпишување на договорите во советничката сала на Општина Охрид, во периодот од 16.02.2026 до 20.02.2026 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.
Правните лица се должни со себе да понесат печат, додека физичките лица да достават копија од лична карта и податок за трансакциска сметка.
Општина Охрид им се заблагодарува на сите апликанти за учеството и интересот, со уверување дека поддржаните проекти ќе придонесат за унапредување и развој на културниот живот во градот.












