Денеска, во Салата на Советот на Општина Струга, се одржа Социјален дијалог за образованието и значењето на дуалното образование во Средното стручно општинско училиште „Нико Нестор“ – Струга.
На настанот присуствуваа шеф на кабинет, Шефкије Аласан Дика, директорката на СОСУ „Нико Нестор“, Кристина Голабоска, помошник-директорот Неки Лумани, координаторите на дуалното образование, наставниците, претставници од бизнис-секторот, како и претставници од Општина Струга.
За време на дијалогот се дискутираше за предизвиците што се јавуваат при соработката помеѓу образовните институции и бизнис-секторот. Работодавачите истакнаа дека еден од главните проблеми е недостатокот на интерес за работа и дисциплина кај дел од учениците и покрај бројните можности што им се нудат, вклучувајќи ја и можноста за вработување по завршувањето на образованието.
Исто така, беа предложени конкретни решенија за надминување на овие предизвици, со цел зголемување на одговорноста кај учениците, зајакнување на улогата на дуалното образование и поквалитетна подготовка на младите за пазарот на трудот.











