АктуелноОхрид

Кривична пријава против две лица кои бесправно граделе во с. Велестово

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (53) од Охрид и  лице на (44) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тие, како инвеститори, на катарстарска парцела во охридското село Велестово започнале изградба на објект иако знаеле дека не поседуваат соодветна градежна дозвола издадена од надлежен државен орган.

По контрола извршена на 17.12.2025, констатирано е дека објектот се гради без одобрение од инспектор од Одделението за инспекциски надзор и било изготвено        решение        за        отстранување        на        градбата.