На 20.01.2026 во 00:10 часот на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода лице на (35) затоа што претходно во зграда на истата улица го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување.
По извршено алкотестирање кај него се констатирани 2,28 промили алкохол во крвта, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












