Како дел од чествувањата и обичаите поврзани со празникот Свети Јован Крстител, денеска во месноста „Сараиште“ во Охрид се одржа манифестација „Денот на рибарите“.
Беше извршено традиционално капење во водите на Охридското Езеро, а на бројните присутни им беше послужена греана ракија, пача и плашици.
За забавната програма на настанот беа задолжени естрадeните уметници од „Охридскиот музички еснаф“.












