АктуелноОхрид

„Вечниот Бог“ -Божиќна песна во изведба на Меланиа Пентелашоска

Младата Меланиа Пентелашоска доаѓа од  прекрасното охридско село Велгошти, каде деновиве се претстави со  најновиот  музички проект со наслов „Вечниот Бог“.
Музиката и аранжманот се дело на Христијан Латкоски – Даррус, а видеото е реализирано со поддршка од Бранко Тодороски. Посебна благодарност упатувам и до црковниот одбор, кој значајно придонесе за реализација на овој проект.

Преку мојата работа сум посветена на промоција на македонската духовна музика и на споделување на убавините на Охрид со пошироката публика, истакнува Пентелашоска.