АктуелноОхрид

Вечерна богослужба на „Бадник“ во кичевскиот храм „Св.Петар и Павле“ на која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј

На „Бадник“, 06.01.2026 година (вторник) во градскиот соборен храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, со почеток од 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и по која богослужба ќе се делат бадниковите гранчиња.

Нека Бадниковата вечер биде време на благослов, љубов и заедништво за секој дом.