Верниците во Пештанска парохија на Бадник, 6 Јануари (Вторник), со Бадниковата поворка, ќе го најават најголемиот дар за човештвото – раѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос.
Срцата исполнети со радост и љубов, детските гласови како ангелите во Пештанска парохија, со пеење на Вечниот Бог…ќе тргнеме заедно од храм Св.врачи Кузман и Дамјан ‐ Пештани во 12 ч., а од Св.пророк Илија -Елшани во 10 ч.
. Нека оваа поворка биде светлина што ќе донесе надеж, љубов и благослови во нашите домови.
Се раѓа Спасителот – нека слават небото и земјата!











