АктуелноОхрид

Пожар во патничко возило на ул. „Карпош Војвода“

На 10.12.2025 во 22:35 часот  во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид настанал пожар на патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на  лице (38) од Охрид.

Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат.

Увид извршија полициски екипи.