Во рамки на победничкиот Service Learning проект „Оброк + заедничка активност – Храна без отпад за сите“, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид успешно ги финализираа сите предвидени активности.
Во духот на празниците, нашите ученици подготвија бесплатни, здрави и внимателни оброци, кои беа донирани на семејства од социјално ранливи категории во заедницата.
Со ова, младите од нашето училиште уште еднаш покажаа солидарност, емпатија и желба за вистинска промена.

Mенторите на проектот се психологот Даница Скрческа и професорот Ристо Николески, но особена благодарност упатуваме до наставниците Катерина Џамбазовски и Војо Ангелоски, чиишто ангажман и поддршка беа клучни за реализацијата на активностите.

Горди сме на нашите ученици кои со својата човечност и посветеност донесоа празнична радост таму каде што е најпотребно.

Продолжуваме да создаваме млади лидери кои ја менуваат заедницата!











