Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на Република Македонија, вкупниот број на ноќевања изнесува 59.704. Во однос на структурата на странските туристи, најмногубројни биле Турците – 4.612, по кои следуваат гостите од Германија 3.412, Србија 2.185, од Грција 1.001…
На ниво на државата, Република Македонија во октомври ја посетиле вкупно 109.535 туристи, од кои 23.883 биле домашни, а 85.652 странски. Остварени се вкупно 204.718 ноќевања.
Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, кај домашните туристи е забележано намалување за 2.3 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %. Во периодот јануари-октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 %, така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6,4%.












