Во врска со спgimnazоделените слики во јавноста со поднаслов „Во какви услови учат децата во ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид”, ја споделуваме следната информација со јавноста и пред сѐ родителите на учениците, со цел истите да бидат запознаени со актуелната ситуација и активностите кои ние како институција ги преземаме, се вели во соопштението од Охридската Гимназија.

Во продолжение истото го пренесуваме во целост:

​ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид веќе неколку години има проблем со прокиснување на дел од покривот на гимназиската зграда во делот на четирите кубиња и централната мансарда кои со реконструкцијата од 2006 година беа покриени со оловна прекривка согласно Проектот за факсимилната реконструкција на поткровниот простор кој беше опожарен уште во 30-те години на минатиот век.

​Во изминатиот период наназад уште од минатата раководна структура на училиштето беа преземени активности за парцијално санирање на оштетувањата на кровот, но истите беа со краткотраен и нецелосно ефикасен резултат, заради што како актуелна раководна структура пристапивме кон иницирање и спроведување активности за целосна реконструкција на кровот со цел трајно решавање на затекнатиот проблем.

Со оглед дека гимназиската зграда е објект кој претставува споменик на културата, постапката за нејзино реновирање, вклучително и реконструкција на кровот опфаќа повеќе фази кои ги набројуваме редоследно:

  • Изработка на Основен проект за реконструкција на ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид и негова ревизија согласно важечките законски прописи
  • Стручна контрола на основниот проект за реконструкција со извештај од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид
  • Конзерваторско одобрение реконструкција на ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид од Управата за заштита на културното наследство при Министерството за култура
  • Решение за одобрување на реконструкција на објект од страна на Министерството за транспрот
  • Обезбедување на финансиска конструкција на проектот, распишување на оглас за јавна набавка и избор на изведувач.
    Сите овие активности од страна на ОСУ „Св. Климент Охридски“-Охрид се спроведени и добиено е Конзерваторско одобрение врз основа на кое е издадено Решение за одборување на реконструкцијата. Од страна на Општина Охрид на 4.11.2025 год. прибавена е потврда за обезбедени средства во износ од 34.150.000,- денари за Реконструкција на гимназиската зграда и истите се предвидени во Развојната програма за капиталните ивестиции на Општина Охрид во областа на средното образование.

На 10.11.2025 година е објавен Оглас за јавна набавка со цел избор на изведувач кој ќе ја врши реконструкцијата, која постапка сѐ уште е во тек и се очекува за скоро време да заврши согласно роковите и постапката утврдени во Законот за јавни набавки.

Заради изминатиот период на обилни непрекинати врнежи доаѓа до влошување на стостојбата во дел од просториите предвидени за реализација на наставата заради што 5 од вкупно 34 простории за настава се затворени и веќе извесен период истите не се користат за настава. Истовремено, училиштето во рамките на своите просторниii можности презема соодветни активности за обезбедување на непречено и редовно реализирање на наставата во сите останати простории со кои располагаме, а кои се во доволен број за нормална реализација на наставата. Напоменуваме дека ниту еден ученик не реализирал и не реализира настава во просториите кои се оштетени од обилните врнежи. Дополнитено, од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат е извршен инспекциски надзор и е констатирана настанатата ситуација, при што записнички е нотиран фактот дека споменатите простории се затворени и не се користат за изведување настава, и дека наставата се изведува во простории со соодветни услови за реализација на истата.

На крајот истакнуваме дека сме свесни за ситуацијата и ги преземаме сите неопходни активности за конечно решавање на овој долготраен проблем. Очекуваме со завршувањето на постапката за јавна набавка и избор на изведувач веднаш да се отпочне со реконструкција на проектот, истата да заврши во најкус можен рок и да резултира со квалитетно и трано решение, се разбира без за тоа да трпи редовната настава во училиштето.

(ВИДЕО) Кабинетска настава во една смена – Охридската Гимназија по реневирањето ќе биде едно од најмодерните училишта, не само во Охрид, туку и пошироко