петок, ноември 8, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Кабинетска настава во една смена – Охридската Гимназија по реневирањето ќе биде едно од најмодерните училишта, не само во Охрид, туку и пошироко

Охридската Гимназија школската година ќе ја спроведува со кабинетска настава и само во прва смена. Директорката Светлана Велковска вели дека настава од овој тип им била долго време желба.

„Дојде моментот да работиме во една смена, условите полека ги создадовме. Во однос на просторното планирање на Гимназијата, оформивме уште неколку кабинети, затоа што имаме просторни услови. Верувам дека и децата ќе бидат среќни затоа што сите ќе учат заедно од прва до четвртта година. Наставата ќе почнува во 08:00 часот, а последниот час ќе завршува околу 14:00 часот. Ќе имаме и два одмори еден од 20 и еден од 10 мин“, истакна Велковска.

Годинава интересот за упис во Охридската гимназија беше многу голем. Запишани се повеќе ученици во споредба со минатата година, а запишани се и сите првенци на генерации од основните училишта.

Училиштето ќе биде едно од најмодерните не само во Охрид, туку и пошироко. Има нови клупи, ќе се постави нова дограма, паркетото комплетно ќе се промени, потполно нова атмосферска канализација и на централниот објект и на салата, се промена и електричната инсталација (поставени се 7 мрежи… интернет, противпожана, за обезбедување…)  централно греење и ладење, промена на кровот, но комплетно ќе се промени и дворот.

Велковска вели дека со едносменката настава, Гимназијата ги отвора вратите и за културни настани на градот. Промоции на книги, мали концетри, изложби …Ова ќе биде еден објект отворен и за сите туристи.

Како ќе изгледа Охридската Гимназија, но и за новиот концепт на одржување настава, повеќе открива директорката Светлана Велковска.

 

https://www.youtube.com/watch?v=_IlruN68gvk&ab_channel=Ohrid1%2FNews1