На 22.11.2025 во населбата Даљан на улицата Сатеска бр.40 од невремето се откорна огромен повеќе тонски десет метарски бор кој се наоѓаше на државно земјиште и падна на паркирано возило за цела среќа немало пешаци бидејќи тоа е пешачка зона по која се движат станари на зграда со три влеза инаку ќе имаше и човечки жртви, веднаш беше повикана пожарникарска служба за итно да се реагира но истата се прогласи за ненадлежна за тоа и си замина, потоа веднаш беа повикани и претставници од Општина Охрид и од општинското претпријатие Комуналец кои наместо итно да реагираат и да го отстранат паднатото масивно дрво кое ја има смачкано колата истите си заминаа без да дадат конкретен одговор дали ќе го отстранат дрвото или пак кога ќе го сторат тоа и покрај тоа што им беше посочено дека уште пред неколку години на сосема истава локација беше исто така паднат бор по што претставници од Општина Охрид ги обележаа и останатите борови како опасни и дека мора истите да се отстранат од нивна страна, Општина Охрид и после неколку години не ги отстрани боровите што и доведе до ваква нова повторна несреќа само што овој пат има настанато материјална штета, смачкана е кола а цела среќа што нема и човечки жртви бидејќи кога падна борот беше денски кога има полна раздвиженост на станарите.

Значи сакаме да ве замолиме како медиуми да реагирате бидејќи од 22.11.2025 борот ја има смачкано колата, а Општина Охрид која уште пред неколку години го обележале истиот бор како опасен и за отстранување не доаѓаат да го отстранат борот и да ја ослободат смачканата кола, на повторените повици до нив за да постапат одбиваат да дојдат да го отстранат со тврдење дека тоа не било нивна работа и дека граѓаните требало сами да го отстранат иако борот кој падна се наоѓа на земјиште во сопственост на Р.МАКЕДОНИЈА. Срамота е Општина Охрид да не им помага на жителите на приградските населби во услови на елементарна непогода, пред некој ден падна исто такво дрво во центарот на градот и Општината со помпа и телевизии го кренаа истиот ден да покажат колку се ефикасни, а нас ни велат сами да си го отстраниме бидејќи сме на периферија од градот и никој не гледа. Ние жителите на населба Даљан не сме граѓани од втор ред, и ние плаќаме данок како граѓаните од центар и Општината треба подеднакво да се грижи и да си ја извршува работата подеднакво во сите населби а не само во центар.













