Наш ИзборНаш изборОхрид

Промоција на Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија и потпишување на Договорите за кофинансирање со новите проекти

Министерството за Локална Самоуправа и Делегацијата на Европската унија во
Република Северна Македонија Ве покануваат на промотивен настан по повод
започнувањето на два нови проекти финансирани во рамки на Програмата за
прекугранична соработка, како и промоцијата на потпишувањето на договорите за
кофинансирање помеѓу овие проекти и Министерството за локална самоуправа.
Настанот ќе се одржи на 1 декември 2025 година, од 10:30 до 12:15 часот, во
Оперативниот и тренинг центар на Планинската спасителна служба при Црвен
крст Охрид, улица Кленоец бр. 2А, Охрид.
Официјални обраќања ќе имаат Амбасадорот на ЕУ, г. Михалис Рокас, г. Златко
Перински, Министер за локална самоуправа на Северна Македонија, г-ѓа Еридана
Чано, Директорка на Директоратот за конвергенција и кохезија со ЕУ на Албанија, г.
Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид и г. Нико Чонески, градоначалник
на Општина Крушево.

Медиумите се покануваат да го проследат настанот, со почеток во 10:00 часот,
во Оперативниот и тренинг центар на Планинската спасителна служба при
Црвен крст Охрид, улица Кленоец бр. 2А, Охрид.

Овие проекти промовираат одржлив регионален развој, заштита на животната
средина и безбедност на заедницата, засилувајќи ја соработката во рамките на
локалните заедници и преку границата. Тие, исто така, имаат за цел да ги зајакнат
регионалните капацитети за одржлив развој на туризмот. Вкупната вредност на
проектите надминува 1,6 милиони евра.

За Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија
Ова е една од петте програми во кои Северна Македонија учествува со своите
соседни земји. Целта на програмата е унапредување на прекуграничната соработка
и поттикнување на регионален развој. Овој пакет на средства од ЕУ, во износ од
околу 12 милиони евра, е наменет за поддршка на проекти што промовираат
економски раст, еколошка одржливост и социјална интеграција во двете земји. Со
инвестирање во стратешки партнерства и проекти поттикнати од локалните
заедници, оваа финансиска поддршка има за цел да донесе трансформативни
промени, да ги олесни заедничките цели и да ги продлабочи врските меѓу соседните
заедници.